Алијансата на Албанците на чело со Арбен Таравари ја одби поканата на албанската опозициска тројка за соработка на претстојните избори.
Тие одлучија да се кандидираат самостојно, наведувајќи дека е беспредметно да се разговара за таква понуда без конкретен датум за избори.
– Беспредметно е да се разговара за ваквата понуда кога нема конкретен датум за избори. До тогаш агендата на помалите партии не нѐ интересира, на избори одиме самостојно. Не може да се надеваат на туѓите политики во предизборната кампања – коментираа тие на брифингот.
Партијата се уште не одлучила дали ќе оди на заеднички претседателски и парламентарни избори или на одделни. Поканата за консолидирање на албанските гласови против ДУИ ја упатија и други политички лидери. Албанската опозиција најави дека ќе има свој кандидат за претседателските избори.