Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.