На снимката од надзорните камери се гледа како маж утринава, по локално време, шета пред зградата на Обединетите нации. На снимката се гледа и вооружена полиција како пристигнува на местото на настанот, пишува американскиот Фокс5.
Набрзо пристигнале неколку амбулантни возила. Полицијата ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа и го затвори сообраќајот пред комплексот згради на ОН.
Полицаец за Си-Ен-Ен изјави дека надлежните служби разговарале со маж пред зградата на ОН. Тој додаде дека човекот изгледа како да зборува сам со себе.
– Ја затворивме зградата поради полициската акција што се одвива пред нашите врати, изјави Стефан Дујарик, портпарол на Обединетите нации за Си-Ен-Ен.Засега сите се во зградата, комплексот е заклучен, додаде тој.
ОН испратија внатрешна порака до персоналот барајќи од остане на безбедно.
– Безбедносната служба наведува дека во тек е полициска акција на 1. авенија. Ги молиме сите вработени и делегати да останат на безбедно. Безбедносната служба ја следи ситуацијата и соодветно ќе бидете информирани, се вели во пораката.
Седиштето на Обединетите нации во Њујорк е под блокада на полицијата, јавуваат странските медиуми.