Според информациите што се појавија во јавноста, станува збор за околу еден тон таблети Ефедрин од кои може да се прави синтетичка дрога – метамфетамин. Тие стигнале во Скопје преку карго-транспорт од непозната локалиција.. Според царинската декларација биле заведени како електроника, односно делови за мобилни телефони на име на една позната скопска мобилара. Пратката ја поминала царинската контрола без проблем, но биле пресретната од полициските специјалци по напуштањето на аеродромот, на пат кон Куманово..

Сепка, и четири дена по акцијата, нема официјална верзија за настанот..

Од МВР единствено го потврдуваат и велат дека работат на расчистување на случајот во координација со Основното јавно обвинителство.

„По насоки на јавен обвинител МВР презема дејствија за утврдување на фактите во предметот. Запленето е поголемо количество таблети без потребна документациција и се работи на расчистување на настанот.“ – велат од ОЈО.