Полицијата казнила 180 пијани возачи на територијата на државата во акциска контрола ноќеска од 22 до 3 часот.

-Од нив, 43 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Куманово, 21 на територија на СВР Струмица…, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи укажува дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.