Припадниците на полицијата почнале да ги легитимираат жителите на Бањско Поле, од кое без трага и глас исчезнала двегодишната Данка Илиќ.
Исто така, како што јави Телеграф, полицијата врши увид во куќите во Бањско Поле.
На терен има булдожери, багери, камиони, како и специјални екипи на полицијата на Србија ја пребаруваат секоја педа од дворот од кој исчезна Данка на 26 март.
Исто така, се пребарува и околината, но сите досегашни обиди не дадоа резултат.
Родителите на Данка Илиќ биле неколку часа испрашувани, а некои медиуми објавија дека доцна синоќа биле пуштени од полиција.