Кумановската полиција уапси 38 38 годишен кумановец кого го сомничи дека насилно влегол и одзел пари од црква во село Долно Којнаре, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера, во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(38) од Куманово поради сомнение дека истиот ден со употреба на сила влегол во црквата „Свети Спас“ во населбата Долно Којнаре и одзел пари, информираа од полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.