При претрес во домот на осомничениот на улицата „Кленоец“, на 17 ноември, биле пронајдени 15 стаклени тегли и една зипер-ќесичка со вкупно 1.017,52 грама марихуана. Притоа биле пронајдени и повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.​​