Канадската полиција уби две машки лица за време на пукање во банка во Британска Колумбија. Шест полицајци се здобиле со повреди, а куќите во близина се евакуирани поради можна експлозивна направа, соопшти полицијата.
„Куќите и деловните објекти во непосредна близина на местото на инцидентот се евакуирани поради присутност на потенцијална експлозивна направа во возило поврзано со осомничените“, се наведува во соопштението, објавено на интернет страницата на полицијата во Санич.
Осомничените беа „тешко вооружени“, а првичните информации сугерираат дека носеле панцири, изјави шефот на полицијата во Санич, Дин Дути на прес-конференција.
Засега нема повеќе детали за нив.
Шест полицајци се однесени во болница со прострелни рани.
– Очекуваме некои полицајци да бидат пуштени откако ќе им се даде помош, додека други имаат навистина сериозни повреди и одведени се на операција, додаде Дути.