На 30.11.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Л.(26) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.