Десетина полицајци се на лице место од изутринава, придружувани од јавен обвинител во канцелариите на институтот предводен од професорот Дидие Раулт. Целта на оваа интервенција сè уште не е позната, јави дописникот на МИА.

Професорот Раулт стана позна во француската и светската јавност со неговите контроверзни изјави за Ковид-19 и третманот со хлорокин.

Адвокатот Брис Грацини, адвокат на Дидие Раулт, од своја страна изјави за медиумите дека „ова пребарување нема никаква врска” со неговиот клиент, кој „не е вмешан” во овој случај.