Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица.
При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.
Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.