Министерството за внатрешни работи со задоволство известува дека граѓаните сега имаат можност да ги променат личните документи без потреба од претходен термин во Полициската станица „Пролет“ Скопје. Оваа услуга ќе биде достапна на 18 ноември 2023 година (сабота) и 19 ноември 2023 година (недела) од 08:00 до 16:00 часот.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.