Шпанските власти повторно воведоа полицискиот час во дел од регионите за да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаболени, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата.
Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главни жаришта на епидемијата, ги ограничија собирите на 10 лица и ги обновија ограничувањата на сите активности во текот на ноќта.
– Ако продолжиме да имаме многу високи инциденти меѓу оние кои не биле вакцинирани, тоа може да има големо влијание врз болниците, изјави Фернандо Симон, епидемиолог.
Германската влада донесе нова одлука со која со воведуваат дополнителлни рестрикции за сите кои доаѓаат од Шпанија. Во иднина, сите патници че мора да покажат доказ за вакцинација, дека неодамна прележале ковид или пак негативен ПЦР тест. Ваквата реакција на владата во Берлин следува откако институтот Роберт Кох ја вметна Шпанија во ризичните земји.
Францускиот претседател пак вели дека вакцинирањето засега нема да биде задолжително за пошироката јавност, но најави дека ќе има ограничувања за оние кои не се вакцинирани. Во обраќањето до нацијата Емануел Макрон соопшти дека здравствената пропусница во иднина ќе биде потребна многу почесто, вклучително и за влез во ресторани, кина и театри.
– Нашата земја се соочува со зголемување на епидемијата, во континентална Франција, но и во странство. Ситуацијата е под контрола, но ако не реагираме сега, бројот на случаите значително ќе се зголеми и ќе доведе до зголемување на хоспитализациите, изјави Макрон.
И Холандија најавија повторно заострување на рестриктивните мреки. Владата повторно воведе ограничлувања за баровите, рестораните и ноќните клубови, бидејќи новите случаи рапидно се ширеа меѓу младите, само две недели по олабавувањето на рестрикциите.
Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека рестрикциите во земјата ќе се преминат на 19 јули но предупреди дека работите нема да се вратат по старо. Џонсон и порача на Британците дека пандемијата е далекуј од завршена и дека и понатаму треба да се следат препораките на здравствените власти.
– Апсолутно е од витално значење да продолжиме да бидеме претпазливи..Коронавирусот продолжува да носи ризици за вас и вашето семејство. Не можеме едноставно да се вратиме на животот каков што беше пред Ковид, изјави Џонсон.
Состојбата со коронавируост не е подобра ниту во соседството. Во Грција вчера беа регистрирани повеќе од 2000 случаи, а во Србија 118 новозаразени. Во Босна и Херцеговина пак беше регистриран бразилскиот сој на коронавирусот.