И покрај одреден напредок во медиумскиот простор, Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), истакнува загрижувачки проблем со политичарите во Македонија.
Тој ја нагласува итната потреба политичарите да ја разберат улогата на новинарите и медиумите, бидејќи тие моментално ги гледаат како инструменти на политичката моќ, а не како чувари на демократијата.
Здружението на новинарите на Македонија треба да се смета за клучен партнер во спроведувањето на медиумските политики. Претседателот на ЗНМ, Чадиковски, ја повторува потребата од системско решавање на предизвиците со кои се соочуваат новинарите и нагласува дека слободата на говор треба да има предност пред деловните и политичките интереси за поправедно општество.
„Колегите кои учествуваа во создавањето на овој извештај го најдоа најдобриот можен наслов – Слободата на медиумите во Македонија – напредок на стаклени нозе. Денес Македонија е на 38-мото место во Извештајот на Репортери без граници и тоа е добро, го поздравуваме, но мислам дека треба да бидеме свесни дека таа слика не е до крај вистинита и може да се смени преку ноќ. Во услови на немање на системскo решавање на пропустите, проблемите со можните притисоци со кои новинарите, новинарството и медиумите во Македонија се соочуваат, можат да не вратат во 2013 година и наместо на 38 место да се најдеме на 123-тото место. Верувам дека со имплементирање на препораките од европските колеги ќе успееме да дојдеме до вистинското решение. Што побрзо, тоа подобро, затоа што слободата на говорот мора да има предност пред интересот на бизнисот и политиката“ – рече Чадиковски во своето обраќање.
Мисијата за проверка на факти одржа состаноци со клучните институции и утврди дека иако е постигнат напредок, земјата сè уште треба да ги надмине системските предизвици и да ги консолидира придобивките во слободата на медиумите. Оценката е дека Македонија е релативно побезбедна за новинарите во споредба со другите земји во регионот
Извор: Фокус