Божик – најсветлиот христијански празник, кога се слави рождеството на богомладенецот, Исус Христос помина забележан и со многуте честитки од политичарите кои упатуваат пораки за единствено и сполотеност.
Храмовите се исполнети со верници. Централното одбележување на празникот се одржа во соборната црква „Свети Климент Охридски“, каде архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан ја предводеше светата литургија. Таму, на божикните литургии присуствуваа и дел од политичарите кои посакаа благосостојба и подобра година.
Премиерот Димитар Ковачевски за денешниот празникот повика на солидарност, истрајност, лична одговорност. Во својата божикна честитка тој се осврна на тоа дека се потребни и храбри чекори.
Раѓањето Христово – Божиќ симболизира нов почеток и нова можност, поискусни, помудри и со чисти мисли да пристапиме кон нови добри дела за добро за сите. Само солидарни, истрајни во вербата и со храбри чекори напред може да го постигнеме посакуваниот спокој и да осигуриме просперитет, рече Ковачевски.
Претседателот Стево Пендаровски повика Христовото раѓање да биде поттик за секој од нас да ја следи божикната порака – мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја.
Собранискиот спикер Џафри побара солидарност, заемна почит и разбирање.
И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на сплотеност и обединување.
– Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни Христијани во Македонија им го честитам големиот празник Рожденство Христово – Божик со желби за успеси здравје и среќа. Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре, мирот и спасението на човековиот род кој тој со себе ги донесе на овој свет. Токму празничните божиќни мигови нека ги исполнат домовите на верниците со божјата светост и радост за веста за раѓањето на Спасителот. Срцата нека се исполнат со топлината и нека се пренесе гласот дека Богомладенецот Христос е роден. Благословот Господов нека е над сите нас, да се насочиме кон добрите дела и хуманоста бидејќи тие се смислата на човекољубието и нашата христова вера, љубовта кон ближните и надежта за спасението. – стои во честитката од Мицкоски.
Вреди да се напомене поранешната министерка Гордана Јанкулоска која по три години поминати во затвор, ги прослави празниците со своето семејство. На својот фејзбук профил таа објави слика со нејзиниот син Петар и сопругот Влатко Илиевски.
„Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ!“, напиша таа.
Граѓаните со желби за мир, напредок, здравје, обединување и помирни денови за подобро утре. Христовото раѓање прославено во сите градови низ земјава.
Поглаварот на Mакедонската православна црква – Oхридска архиепископија во своето божикно послание повика на духовно и национално единство.