Според весникот, Националното тело за имунизација има постигнато принципиелен договор за аплицирање на уште една доза на вакцина за вакцинирани граѓани, оние кои се со слаб имунитет поради други болести, пред се лица со автоимуни заболувања, оние кои се на терапија со која се потиснува имунитетен одговор и пациенти со трансплантирани органи.

Дополнителна доза на вакцина ќе се препорача за оние над 80 години кои имаат некое заболување како и за помладите граѓани кои имаат кардиоваскуларни заболувања и немаат антитела.