Пратеничката Катерина Димитровска во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ истакна дека политиката во Македонија мора да се промени.

„Верувам дека можеме да изградиме поинаква политика, мора да биде поинаква“, рече таа.

Оваа Влада и парламентарното мнозинство докажуваат дека промените во се можни.

„За жал, македонскиот народ има поинаква слика за политичарите, оправдано од минатото. Политиката мора да биде поинаква од досега. Оваа Влада и нашето мнозинство покажуваат дека не сме сите исти. Ние сме сервис на граѓаните и носиме решенија во нивна корист“, изјави Димитровска.

Граѓаните дале доверба во политиката на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се оправда со дела.

„Граѓаните ни ја дадоа довербата и сега треба да ја оправдаме. Тоа е најголемата одговорност, но и чест. Народот ни верува, не со зборови, туку со делата. Не по маркетинг, туку по принципи. Кога ветеното го сработуваме, кога нивните зборови ги процесуираме во Собранието, така се гради доверба“, додаде таа. Политиката се води на терен, во контакт со народот.

Системот бара многу работа, но разликата е видлива.

„Има многу да се работи, системот не се менува преку ноќ. Гласот на народот се слуша, не само во кампањи, туку и по изборите. Ние служиме, не владееме. Верувам во политика што не бега од народот, туку оди кај него“, посочи Димитровска.

Борбата против корупцијата покажува резултати.

„Корупцијата се решава системски, со волја и пример. Прв пат по години гледаме волја од врвот на Владата. Институциите постапуваат, предмети од фиоки се разгледуваат, функционерите не ја сметаат државата за сопственост“, рече таа.

Локалниот развој напредува со капитални инвестиции.

„Секоја општина се развива подеднакво каде имаме градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Сите работат посветено, резултатите се видливи. Со поддршка на Владата, инвестираме насекаде, не само во нашите општини“, заклучи Димитровска.