Пронајдени биле коски слични на човечки и облека во скопското место наречено Сулејманови Ливади, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера, во 16.49 часот, во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на местото наречено Сулејманови Ливади во село Горно Количани, Скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираа од МВР.