Од 17 до 23 ноември се одржува европската недела на операции на камиони и автобуси, во која учествуваат сообраќајните полиции низ цела Европа.
Како членка на асоцијацијата Roadpol, македонската сообраќајна полиција спроведува интензивни проверки на тешките товарни возила и автобусите со цел подобрување на безбедноста на патиштата за сите учесници во сообраќајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека фокусот на акцијата е на техничката состојба на возилата, консумирањето на алкохол и наркотици, како и проверка на документацијата и дозволите.
„Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот, но кога безбедносните правила се игнорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор напред кон поголема безбедност на возачите, патниците и сите корисници на патиштата“, соопшти МВР.
