Полициска акција е во тек вечерва во Штип, при што, според досегашните информации, лишени од слобода се неколку полициски службеници.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека акцијата сè уште трае.

Од обвинителството информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на истрагата.