50% од испитаниците велат дека се незадоволни од работата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ која е направена во периодот од 8 април до 4 мај годинава.
На прашањето колку скопјани се задолни/незадоволни од работата на скопската градоначалничката Арсовска 50% одговориле дека не се задоволни, или над 3 пати повеќе во однос на тоа дека само 18% одговориле дека се задоволни. Тоа покажува дека повеќе од јасно е дека Арсовска лошо управува со градот Скопје.
Во истата анеката е поставено и прашањето дала градоначалничката Арсовска добро си ја врши работата или треба да се избере нов градоначалник 53% од испитаниците одговориле дека Арсовска не си ја врши добро работата и треба да биде избран друг кандидат. Наспроти овој процент, 29% сметаат дека таа добро си ја врши работа и не треба да биде сменета.
Одговорите на овие прашања јасно покажуваат дека скопјани не се задоволни од работата на Арсовска и дека таа не исполнува ништо од она кое што го ветуваше за нив.