Моравјецки ја даде изјавата на заедничката прес-конференција со неговата естонска колешка Каја Калас.
-Размислуваме да воведеме сè посериозни економски санкции, вклучително и затворање на полско-белоруската граница од страна на Полска.Сакаме да му дадеме на белорускиот претседател Александар Лукашенко шанса да ги повлече и врати мигрантите во нивните матични земји,рече полскиот премиер, истакнувајќи дека се` ќе зависи од активностите на белоруските власти, пренесе ТАСС.