Помалку склучени, а повеќе разведени бракови, евидентирал Државниот завод за статистика во третото тримесечие од годинава.

Во овој квартал склучени се 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година.

Регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во однос на лани.