Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во последниот сет на пописни податоци ги објави податоците на ниво на населени места и тоа:
– Вкупно резидентно население, домаќинства и станови
– Вкупно резидентно население по 5-годишни возрасни групи и
– Вкупно резидентно население според изјаснувањето за етничка припадност
Што ни покажуваат податоците:
- Во периодот на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 г., во Република Македонија има вкупно 1 781 населени места, а 205 се празни населени места.
- Во главниот град Скопје живеат 526 502 жители, 171 171 домаќинство и има 213 850 станови.
- Населено место со најголем број на жители е Скопје – Аеродром со 75 108 жители, а потоа следуваат градовите: Куманово со 75 051 жител, Битола со 69 287 жители, Прилеп со 63 308 жители, Тетово со 63 176 жители итн.
- 684 населени места се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.
- Според бројот на домаќинства, најмногу домаќинства има во населеното место Скопје – Аеродром – 27026, па следуваат градовите: Битола со 24974, Куманово со 23451, Прилеп со 22763, Тетово со 17948, а во 381 населено место има 10 и помалку домаќинства.
- Најмногу станови има во населеното место Скопје – Аеродром – 34 415, а во 116 населени места има помалку од 10 станови.
- Населени места со најмногу младо население на возраст од 0 до 14 години се: Скопје – Чаир, Скопје – Аеродром и во градовите Куманово и Тетово, а со старо население на возраст од 85 и повеќе години се населените места: Скопје – Карпош, Скопје – Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес, Охрид итн.
Целиот сет на податоци е објавен на веб-страницата на ДЗС, во Макстат базата, на следниов линк: