– Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето. Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато, објасни , директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во „Само вистина“
Тој нагласи и дека попишувачот мора да носи маска, да дезинфицира рацете пред да влезе, но и да ги замоли домаќините да стават маска.
Воедно во вчерашното гостување на Канал 5 тој соопшти дека помеѓу попишувачите има заразени четворица инструктори , кои се инфицирале од своите сопружници, но тоа според Симовски не е пречка да се реализира попишувањето.