УХМР најавува дека попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на јужниот и источниот дел од земјава. Ќе дува умерен северен ветер што долж Повардарието ќе засилува, а максималната температура ќе биде од 18 до 27 степени.

Според УХМР, северниот ветер утре, долж Повардарието, ќе продолжи да засилува. Температурата ќе се намали за неколку степени. Потоа следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку денот.