Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски денеска попладне ќе одржат средба во Владата.
Како што е најавено, се планира средбата да се одржи во 16 часот.
Вчера во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.
– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави вечерва Кадиевска.