Со пумпа се вади навлезената вода по подрумите, куќите и објектите
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во ресенско биле испратени тимови кои со пумпи ја ваделе навлезената вода од подруми, куќи и објекти. Биле подготвени и два чамци, но не биле користени.
„Во Ресенско, тим на ДЗС овие два дена и сношти, со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти, а во подготвеност беше активиран и тим на ДЗС со два чамца, што за среќа немаше потреба да дејствуваат“, соопшти дирекцијата.
Надлежните на терен
Сите активности за заштита и спасување на населението во зафатените реони од поплава во Кичевско и Ресенско биле, како што е соопштено, реализирани во координација со надлежните институции и локалните служби од Системот за управување со кризи (СУК), со цел навремено и ефикасно згрижување на населението погодено од поплавите.
Прочитајте повеќе:
