Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина, рано утрово е целосно уништен пред налетот на новиот порој и обилните врнежи од дожд кои го зафатија цел Чачак.

-Тој мост беше нашата најблиска врска не само со градот, туку преку него преминавме и до нашите парцели, сега не знам како и што ќе правиме. До неодамна беше затворен за сообраќај бидејќи беше небезбеден за премин, поради истрошеност на потпорните столбови, а сега е целосно уништен – изјави за агенцијата РИНА Марко од Мрчајевац.

Одлуката за прекин на сообраќајот на овој мост е донесена на 7 ноември 2022 година.

Во општина Чачак поплавите стивнуваат, но сепак предизвикуваат големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита цела ноќ работеле на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј, пренесуваат српските медиуми, а ТУКА може и да ја видите снимката од уривањето.