Попоски: Доаѓа невреме во Македонија

П
Магазин 15.09.2023. 22:40
epa01011413 A spectacular streak of lightning is seen over a building during a powerful storm in Sofia, Bulgaria 17 May 2007. EPA/VASSIL DONEV

Територијата на Македонија, како што прогнозира Попоски, ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а сето ова следува викендов.

„Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелираме на претпазливост, односно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. И во делови од Скопската котлина ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Потоа во текот на следната седмица повторно во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што значи дека атмосферата нема да биде во целост стабилна.

Сепак температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи, што значи остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме до сега и тие ќе бидат летни.


Подкаст

Подкаст