Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов преку статус на Фејсбук му возврати на Марио Јанески кој го обвини дека денеска Попов како советник во градот Скопје не се појавил на седницата за ЈСП.

„Марио Јанески тебе изгледа работното место што на големо се збори дека си го лапнал од коалицијата со Данела ти го поматило умот па вака јавно се срамиш.

Јас сум на совет, ама за бланко пари на кримимални директори не гласам и тоа е интерес на младите, да се грижиш некој да не им ги краде парите, а не да раскажуваш басни на ФБ.

Функционирањето на градов е загрозено од колосалната неспособност на Данела и Левица“, стои во неговиот пост на Фејсбук.