„Самиот факт дека денеска оваа трибина е една од неколкуте кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ е посветена токму на нас младите, говори за фактот дека младите се приоритет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Младите во Република Македонија беа излажани и би рекол беа излажани на еден брутален, брутален начин. Им се ветија брда и долини, нови студентски градови, нови студентски кампуси, поуспешно образование, подобри универзитети, им се гарантираше младинска гаранција од која не видовме апсолутно ништо бидејќи младинската невработеност се уште е на највисокото место во регионот и во Европа“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Младински политики“ од Куманово, пренесе Прес24.

Попов додаде дека проблемите на младите луѓе во Република Македонија не се само егзистенцијални туку младите луѓе во Република Македонија повеќе не можат да издржат и животот им станува неиздржлив поради сеопштата општествена деканденција која што владее во македонското општество. Тука е и корупцијата која што станува заразна. А, со сите овие работи државата Република Македонија од мајка за младите луѓе станува маќеа.

„Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, која претставува најдобро организирана, најголема и со најкомплексна структура и организација на млади луѓе во Република Македонија, ние ќе бидеме носители на промените. Ние ќе бидеме оние кои најгласно ќе го креваат гласот за проблемите на младите луѓе, и ние ќе бидеме оние кои што во име на сите млади во Република Македонија ќе ја водиме битката за подобро утре и обезбедување на услови за живот за нас младите овде во Република Македонија“, порача Попов.

Тој посочи дека додека власта ги полни торбите со пари, младите ги полнат куферите и ги полнат автобусите и си заминуваат од Македонија.

„Како УМС сме цело време во контакт со младите луѓе, разговараме со нив, на терен сме, комуницираме. Не само со младите луѓе, туку и со сите младински организации, невладини организации, и било какви општествени чинители кои што можат да придонесат за обезбедување на подобро утре на младите луѓе. Јас би рекол дека еден од главните проблеми кој што ќе го истакнам сега зошто младите луѓе си заминуваат од Република Македонија тоа е оној момент кога младиот човек ќе го заврши своето образование и влегува во оној пореален дел од животот кога треба да основа семејство, да создава иднина за себе овде во Република Македонија, во своето родно место. Затоа ќе го истакнам проектот кој што и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го најави, а тоа е проектот „Купи куќа за млади“ односно давање на државни субвенции за решавање на станбеното прашање кај младите луѓе. Понатаму исто така младите луѓе преку при стапување во тој реален дел од животот имаат проблеми со своето вработување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека по доаѓањето на власт ќе постојат икс број на даночни олеснувања за претприемачите односно компаниите кои би вработиле младо лице до 29 години. Втор проблем кој би го истакнал е негативната селекција која што владее во Република Македонија и токму од таа причина за да ги охрабри младите дека не се сите исти и дека постојат политичари кои не размислуваат како криминалците од СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ гарантира вработување во државна институција за 500-тини најдобри студенти во Република Македонија. Ова се само мал дел од мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира за младите луѓе. А, ние како УМС и јас како нејзин претседател би сакал овде пред вас да најавам дека ќе започнеме еден караван на активности средби со младите луѓе, со сите младински организации и со сите форми на младинско организирање и ќе ги слушаме идеите и ќе разговараме со младите луѓе и на крај сето тоа ќе финишира со една младинска програма на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде изработена од страна на младите луѓе“, порача Попов.