Интегрален текст од говор на Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Огромна чест ми преставува денес, овде пред вас да се обратам по повод триесет и првиот роденден на Унијата на млади сили. На 6ти и 7ми Април во 1991та година, токму овде во Прилеп, се одржал првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. На кој е донесена одлуката за создавање на Унијата на млади сили.

Почитувани, би сакал да ја искористам оваа можност и да изразам огромна благодарност и почит до сите оние кои поминале низ структурите на Унијата и до сите поранешни претседатели кои со својата посветеност и ангажман кон Унијата успеаа чекор по чекор да ја издигнат во вистинска авангарда на македонската политичка сцена. Овој епитет кој Унијата на млади сили го заслужува и неуморно го докажува преку триесет и едно годишното фунционирање во македонската политика е сосема соодветен, бидејќи Унијата на млади сили покажува вистински карактеристики на еден модерен младински подмладок.

Унијата на млади сили преставува семејство. Семејство кое е сплотено и решително да продолжи да работи за интересите на татковината, на која ние младите сме и најпотребни со нашата енергија, знаење и мотив за подобра иднина

Ситуацијата во која денес се наоѓа Македонија и ја доверува на Унијата на млади сили најтешката задача во своето триесет и едно годишно постоење. Катастрофалното владеење на нашиот политички опонент во изминативе пет години, предизвика вистинска серија на порази и дополнително ги забрза сите негативни процеси. Целосната сервилност во надворешната политика, продавањето на националните интереси, криминалните зделки, уништено правосудство се само дел од највидливите проблеми со кои се соочува Македонија. Најголема последица од сите овие проблеми е младинското иселување, кое во изминативе пет години завзема апокалиптични размери. Уште еден фатален показател кој неодамна го добивме е дека од последниот попис во 2002 година до овој попис во 2021 година, младите се 170.000 помалку. Во последните 5 години со драстичен пораст на иселувањето на млади. Младите повеќе не остануваат во Македонија, не создаваат семејства и не се развиваат. Татковината Македонија веќе не е дом за своите деца тоа не е нормално.

Доколку македонското општество не зачекори во правилна насока, а неправдата остане пракса, во Македонија повеќе ќе нема млади, а со тоа се доведува во прашање и опстанокот на македонската држава.

Водени од овие сериозни предизвици Унијата на млади сили во изминативе 2 години сериозно се зафати со изработка на стратегија насловена „Визија за победи”.

Оваа стратегија изработена од членовите на Унијата на млади сили, а консултирана со голем број на експерти од разни области, е прва од ваков тип, изработена од еден политички подмладок. Унијата на млади сили како општествен чинител, почуствува историска одговорност да изработи еден ваков документ, кој согласно со одлуките на последниот 18ти конгрес, нуди придвижување на општествените процеси во насока на градење на здрава средина. Како и обединување на младите со цел конечно ставање на крај на сите негативни трендови.

Целта на овој документ е младите да бидат во фокусот на државните институции. Младите да го добијат сето она кое го заслужуваат, а својата перспектива да ја гледаат исклучиво во Македонија.

„Визијата за Победи” е наслов кој го доделивме на стратегијата, а ова име содветствува со она што нам ни недостига, ПОБЕДИ и УСПЕСИ, бидејќи младите се веќе уморни од наметнатите порази.

Во Визијата за победи во 13 сегменти, се обработени основните правци по кои институциите треба да постапат за младите во Македонија да зачекорат кон посветла иднина и подобар животен стандард.

Стратегијата Визија за Победи предвидува, институциите во Македонија, конечно да бидат во функција на младите и да преставуваат столб во однос на нивното насочување и изнаоѓање. Исто така младите мораат да бидат дел од институциите, со што активно ќе учествуваат во носењето на одлуките, но и ќе стекнуваат значајни искуства со кои подоцна ќе бидат на висина на задачите и предизвиците.

Визијата за победи екстензивно го обработи и економскиот дел, за кој сметаме дека е главен поттик за младинското иселување, во насока на изнаоѓање работни места, помош од државата при започнување на сопствени бизниси и кариерно пронаоѓање.

Визијата за победи силно се зафати со образовните проблеми. Образованието во Македонија во изминативе години беше предмет на нецелосни и паушални реформи, кој надополнети со здравствената криза, преставуаа и сеуште претставуваат вистински крах. Унијата на млади сили преку Визијата нуди широка општествена дебата со цел подобрување на образавонието, од основно до високо. Целта на оваа дебата е вклучување на сите релеватни чинители и изнаоѓање на најдобриот и најсоодветниот можен систем.

Визијата за победи ги обработува и нуди решенија за проблемите на младите земјоделци, здравствените работници, културните работници, спортистите, информатичарите и сите останати.

Оваа Визија за победи исто така значително е посветена и на општествената декаденција која владее во Македонија. Ваквата декаденција е исклучително штетна по средината во која младите треба да се оформуваат и созреваат. Принципот на неказнивост и невладеењето на правото кај младите остава погрешна перцепција и предизвикува апатичност. Унијата на млади како општествено одговорна младина силно се бори за промена на ваквата ситуација, бидејќи услови во кои младите ќе се оформуваат и созреваат е од голема важност за иднината на Македонија.

Почитувани млади, ве повикувам сите заедно да застанеме позади ВИЗИЈАТА ЗА ПОБЕДИ и преку политичкиот активизам, кој е најголема придобивка на демократските општества да започнеме со коренити промени. Овие промени се неминовни и тој пат мораме да го изодиме, прашањето е да се биде или не. ЈАС ВЕРУВАМ ВО МЛАДИТЕ И МАКЕДОНИЈА и ВЕРУВАМ дека обединети можеме и ќе успееме да создадеме сигурна ИДНИНА.

За крај, би сакал да додадам, дека тактиката на нашиот политички опонент, која гласи „сите се исти”, е манипулативна и подмолна. Наметнување на ваквиот став има за цел да ги одврати младите од политичкиот активизам и преку апатичност тие полесно да може да не пустошат. УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ не била и никогаш нема да биде нем набљудувач на негативните процеси, напротив секогаш кога е најтешко ќе изнајде сила да обедини и сплоти. ДА поведе по патот на Успеси и Победи.

Почитувани млади, ние друга татковина немаме и за нашата Македонија ќе вложиме се и ќе ја направиме Успешна и Победничка, таа ќе биде дом за сите нас и ќе ни нуди се она кое ни е потребно да останеме овде и на идните генерации да им овозможиме уште подобри можности.