Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ од прво до четврти овој месец сме домаќини на Генералното собрание на Европски демократски студенти, тоа е официјална студентска организација на европската народна партија. Со одржување на овој настан токму во Скопје се праќа уште еден чин на валоризација на нашиот труд од страна на нашите меѓународни партнери. Во наредните неколку денови овде во Скопје ќе бидат присутни околу 46 претставници од над 20 политички партии наши сестрински политички партии ширум Европа.

Во наредните денови ние оваа прилика ќе ја искористиме да ја претставуваме македонската вистина пред нашите меѓународни студентски партнери, да зборуваме за лошиот студентски стандард, да ги претставиме сите оние проблеми кои ги имаат студентите во Република Македонија, да ги споделуваме искуствата кои тие ги имаат во Европската унија се со цел да дојдеме до убави решенија за младите луѓе овде во Македонија.

Благодарам за присутноста на вашиот медиум за овој настан. Ве повикувам да го проследите нашиот настан и во наредните неколку денови ќе зборуваме буквално за сите теми кои ги интересираат младите луѓе, ќе учиме и ќе ги даваме нашите примери.