Попов истакна дека младинската вклученост во креирањето и раководењето со општините е значајна

Младинската вклученост во раководењето со општините беше истакната од пратеникот и претседател на Унија на млади сили, Сергеј Попов, на денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“. Попов потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите зададени програми. А Младите треба активно да учествуваат во нивното креирање, бидејќи секоја идеја од млад човек се реализира и станува реалност.

„ВМРО-ДПМНЕ своите програми ги реализира. Токму затоа за секој млад човек во државата е многу важно да учествува во креирањето на тие програми, бидејќи онаа идеа којашто млад човек ќе ја даде и таа ќе се најде во програмата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе стане и реалност и младите ќе можат да го почувствуваат директно во своето секојдневие“, рече Попов.

Тој додаде дека вклученоста на младите се одвива преку советниците во општините, кои се над 60 низ целата држава.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на младите луѓе. Унијата на млади сили има над 60 советници во сите општини во државата. Младинската вклученост во раководењето со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ многу добро се одвиваше и ќе продолжи да се одвива преку советниците кои повторно ќе ги има Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“, објасни Попов.