Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов денеска во „Daily Click“ на ТВ21 порача дека да се зборува за нечесност и корупција на нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова нема да има човек што нема да се насмее.

„Професорката Гордана Силјановска Давкова претставува синоним за нешто што нема афери, што нема багаж, нешто што е чисто, нешто што има интегритет и.т.н. за разлика од господинот Пендаровски кој што ставовите ги смени 1001 пат“, вели Попов.