Владата предводена од СДСМ сакаше да протне закон според кој студентите остануваат без студентски оброк. Тоа предизвика револт го видоа тоа и го викна омилениот студент на власта и се договорија дека ќе се договорат, односно реално немаше договор, рече Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во Тема на денот што се емитува во централниот Дневник на телевизија Сител.

„СДСМ со нивниот омилен студент сакаше да прикаже победничка атмосфера, се договорија дека ќе се договораат до март и поставувам една дилема дали е случајност или намерна манипулација што во нивниот последен предлог стои до март да се земаат средства според постоечките услови и изоставена е одредбата каде треба да стои ретроградно враќање на средствата кои не им се исплатени за изминатите два и пол месеци. Ова за враќање на средствата во предлог законот тоа не стои“, рече Попов.

Тој соопшти дека закон предложен од ВМРО-ДПМНЕ утре е во Собрание и треба да се гласа за потребата од носење на таков закон.

„Сега ги повикувам да гласаат „за“ и предлогот ветува 160 денари наместо 120 денари, бидејќи 120 од пред една година и сега не вредат исто. Има инфлација од 30 проценти. По ова откако ќе ја поддржат потребата на комисиските расправи ќе имаат и они прилика да го усогласиме со нивните заблешки доколку ги имаат. Во спротивно ова што го прават е само театар“, заклучи Попов.