Не можам да кажам дека Законот за младинско учество до крај е успешна приказна, затоа што не се реализирале работите за кои заедно сме седнале и сме се договориле, а овој закон е направен за младите да добијат вклученост и да влијаат на политиките, изјави Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за „Топ тема“ на Телма телевизија.

Попов истакна дека успешна приказна значи кога нешто зачнало, се развивало и на крајот добило резултати, а овој закон не е тоа.

– Секогаш го поздравувам седнувањето на маса и договарање со останатите политички подмладоци, но мора да се работи на реализација на идејата. Во Законот за младинско учество затаивме во реализацијата и речиси ниедна од ставките членовите не е реализиран со исклучок на службениците за млади и локалните младински совети по стапувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Но, за другите одредби за жал не можеме да видиме реализација, рече Попов.

Попов посочи дека единствено резултати има во локалните младински освети каде локалната власт ја преземаа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но на централно ниво не фукнционираат младински совети.

Во однос на младите во партијата, Попов нагласи дека УМС се застапени во сите листи структури и листи на партијата, кандидатски, има млади советници во сите општини кои потекнуваат од УМС.

-Најсветлиот момент на 30 роденден на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во Македонија политички подмладок напиша свој програмски документ, стратегија за млади која ја нарековме „Визија за победи. Стратегијата на УМС е промовирана во Прилеп за роденденот, а во неа се објаснуваат сите сфери на општественото живеење како УМС го гледа патот по кој треба да оди државата и како да се стигне до поодбра цел, изјави Попов.