Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре поради уличен дефект ф-80мм на крстосницата бул. Митрополит Теодосиј Гологанов /9-ти Мај , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски Херои, Христо Смирненски, Петар Поп Арсов, Васил Стефановски и Роза Луксембург.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.