Додека екипите ќе работат на терен, сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј 13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите.
Поради градежни активности ќе биде во прекин сообраќајот кај Судска палата
П
Град Скопје извести дека од вечерва во 22 часот до 5 часот утре наутро, поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна).