Неколку интернет страници на украински државни органи, вклучувајќи ги и страниците на владата и Министерството за надворешни работи, се недостапни.

Британските медиуми пренесоа дека украинските власти неделава веќе соопштиле дека забележале онлајн предупредувања дека хакери подготвуваат напади од поголеми размери врз владините агенции, банки и одбранбениот сектор.

Во екот на кризата во и околу Украина, Киев ја обвинува Москва за кибер напади, додека Русија ги отфрла ваквите обвинувања.