Сите натпревари во сениорска конкуренција од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Куп на Р.Македонија во периодот на траење на полицискиот час ќе започнуваат од 13 часот.
Први кои ќе се играат од 13 часот се веќе во среда (7. април) полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, Струга ТЛ – Силекс и Македонија ЃП – Академија Пандев.