Вкупно 2,5 милиони птици се убиени или ќе бидат убиени поради појава на птичји грип во југозападниот дел на Франција, пишува Ројтерс.
Според Министерството за земјоделство на Франција, убиени се околу 1,2 милиони животни, додавајќи дека се уште се потребни дополнителни 1,3 милиони да бидат убиени како превентивна мерка за борба против вирусот.
Откако претходните избувнувања доведоа до уништување на десетици милиони птици и трговски ограничувања, ширењето на високопатогениот птичји, предизвика загриженост меѓу владите и живинарската индустрија.