Поради сообраќајна несреќа во моментов во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица.

Според информации на дежурната служба на ЈП „Македонијапат“, несреќата се случила откако возило удрило во „ригола“ на патот.

Оттаму информираа дека застојот е поради тоа што возилото се наоѓа на коловозот. Очекуваат брза реакција со што за кратко време сообраќајот ќе биде нормализиран.