Поради интензивни врнежи од снег, на повеќе патни правци во државата се воведени забрани за сообраќај на тешки товарни возила
Поради интензивни врнежи од снег, на повеќе патни правци во државата се воведени забрани за сообраќај на тешки товарни возила, информира Автомото сојуз на Македонија.
Од 9:40 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар–Стража–Кичево, во двата правца. Претходно, од 9:20 часот, поради снежни врнежи е воведена забрана и за тешки товарни возила и за автобуси на патниот правец крак Шипковица–Попова Шапка. Уште од 5:45 часот наутро е во сила забрана за тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово–Дебар.
Дополнително, граѓаните преку социјалните мрежи информираат дека превојот „Стража“ е тешко прооден и за патнички возила, поради насобран снег и лоши временски услови. Пријавен е и голем одрон на патниот правец Катланово–Велес, поради што се апелира на зголемено внимание.
Возачите предупредуваат и на подмрзнат коловоз на повеќе делници, особено во повисоките и сенковити предели, и повикуваат на крајна внимателност при возење.
Надлежните служби апелираат возачите да ја следат состојбата на патиштата во реално време, да ги почитуваат воведените забрани и да ја прилагодат брзината на зимските услови.
