Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.
-Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.
Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по вторпат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.