До девет часот, во општината Росоман гласале 3,7 проценти од избирачите.

Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи. Во избирачкиот список има регистрирано 3 341 лице со право на глас. Се гласа на десет избирачки места.