Мицкоски до ЕПП: Заслугите и реформите се клучот за европската интеграција

Премиерот Христијан Мицкоски денес упати силна и принципиелна порака до лидерите на Европската народна партија при своето обраќање на  Конгресот. Тој подвлече дека процесот на пристапување кон Европската Унија мора да биде фер. Процес кој ќе биде транспарентен и заснован исклучиво на заслуги и спроведени реформи.

Македонија е посветена на европскиот пат, но се соочува со двојни стандарди

Мицкоски изрази благодарност за можноста да се обрати пред колегите лидери и ја нагласи приврзаноста на неговата Влада кон конзервативните вредности – семејството, слободата, одговорноста и владеењето на правото. Сепак, тој истакна дека македонските граѓани сѐ почесто се соочуваат со двојни стандарди кои ја поткопуваат довербата во европскиот проект.

„Европа треба да биде заедница на еднакви. Секој чекор напред треба да се темели на јасни критериуми, а не на политички калкулации или нови услови поставени во движење“, порача премиерот.

Мицкоски: Западен Балкан е клучен за стабилноста на Европа

Во говорот, премиерот ја истакна стратешката важност на проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан. Според него, тоа не треба да се гледа како чин на добра волја, туку како неопходен потег за обезбедување долгорочен мир и стабилност во Европа.

„Ова не е подарок. Тоа е заслужено признание за реформите и жртвите што ги поднесе нашиот народ“, рече Мицкоски, апелирајќи до ЕПП и европските институции да бидат двигатели на реално проширување.

Повик за фер третман и доследност во процесот на проширување

Мицкоски побара поддршка за одржување на интегритетот на пристапниот процес и подвлече дека македонскиот народ заслужува да види конкретна награда за својата истрајност и посветеност.

„Нашата заедничка иднина е во едно обединето европско семејство. А за тоа е потребна еднаков третман, транспарентност и правичност за сите земји-кандидати“, потенцираше тој.