Пораките кои вчера и денеска доаѓаат од Кочани до политичарите се во правец на нивно отсуство од утрешната церемонија на погребување на 31 жртва од трагедијата во дискотеката Пулс.
Оставете не да ги погребеме најмилите без политика, пишува роднина на еден од загинатите на социјалните мрежи, пренесува Експрес.мк
Други луѓе велат дека на погребот кој ќе почне со опело кое ќе го одржи поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија Г.г. Стефан, политиката треба да остане на страна.
Останете во Скопје за време на погребот вели трет корисник на Фејсбук во својата порака до политичарите.
Многумина се согласуваат дека за време на еден од најтрагичните и најтажни денови во македонска историја политичарите треба да не се појават на погребот на жртвите од катастрофата во Кочани.
На погребот се очекува да бидат присутни неколку илјади луѓе од Кочани и од цела Македонија.
Утре погреби церемонии ќе се одржатни во Скопје, Штип, Чешиново Облешево…